| четврток, 6 декември 2018 |

Според изјавата на Камбовски, вицепремиерката Шеќеринска треба да добие кривична пријава

Универзитетскиот професор и академик Владо Камбовски денеска изјави дека секој што организира бојкот на референдум може да биде кривично гонет. Со оваа изјава професорот Камбовски отвори можност кривично да ја гони и вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

Имено, токму актуелната вицепремиерка Радмила Шеќеринска во 2004 година за време на Референдумот за територијална организација како втор човек во владата задолжена за евроинтеграции беше еден од организаторите на бојкотот за што тогашната влада водеше платена кампања од парите на граѓаните.

Иако академикот во денешната изјава зборува за сегашната ситуација, сепак Камбовски не прецизира на кого точно мисли кога зборува за кривичен прогон за организатори на референдум. Аргументите што тој ги дава за сегашниот референдум како да се пресликани од плебисцитот во 2004 година кој пропадна поради организиран референдум на владата на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top