| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Тасевски: Ме сменија луѓе од СДСМ зошто не сум во нивната секта

По смената на Сашо Тасевски од директорското место во Драмскиот театар во Скопје тој обвинува дека е сменет од луѓе во СДСМ какви што има во сите партии на кои им пречи сечиј успех зашто самите немаат квалитет.

-Има актери и актерки кои никој не ги знае по улогите што ги играле. Тие се најтоксични, зашто својот недостаток на талент го компензираат со сплеткарење на кое му лепат етикета „борба за демократија и квалитет“. Квалитет кои самите го немаат, па затоа секташки се групираат со слични на нив и прават штети во театрите и институциите.

Штом нешто почне да цвета, на нив одма им смета. Тие бездарници и медиокритети немаат политички предзнак. Ги има во секоја партија и претставуваат најголема закана за угледот на тие партии, зашто роварат под радарот, напиша на својот Фејсбук профил Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top