| четврток, 6 декември 2018 |

„Струшки вечери на поезијата“ денеска во Скопје: Наместо пред Камениот мост поетите ќе читаат во Даут-пашин амам

По синоќешното затворање на 57-то издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“ со меѓународното поетско читање „Мостови“ на Мостот на поезијата во Струга и со врачување на наградите „Златен венец“ на Адам Загајевски, „Браќа Миладиновци“ на Зоран Анчевски и „Мостови на Струга“ на Паули Тапио, денеска дел од неговата програма традиционално ќе се одвива и во Скопје.

Поетското матине во Матка ќе почне во 13 часот пред манастирот „Св. Андреја“, а Меѓународниот поетски митинг во 21.00 часот во Даут-пашин амам. До промена на локацијата дојде поради временските услови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top