Откако во медиумите протекоа експлицитни фотографии на кои наводно Северина позира гола, нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ го прозва неименуваниот поранешен партнер за одмазда. Набрзо сопругот на Северина објави статус, да се молиме за мозокот на Милан, алудирајќи на поранешиот партнер на Северина, кралот на бакарот, Милан Поповиќ.
После ова токму Милан се огласи по повод прозивките на менаџерот на Северина.
-Северина имала различни партнери во минатото со кои има нерасчистени односи. На кој партнер точно мислел Петровиќ кога изјави дека ова е одмазда на поранешен партнер? За кои тоа наводно изгубени спорови се работи? Против Томица Петровиќ веќе се водат две казнени дела за клевета, токму поради изјавите дека јас наводно имам изгубено судски спорови од Северина. Фотографиите кои се објавени веројатно се од истата серија фотографии настанати во 2014 година кога Северина и јас бевме во ек на борбата за старателство над нашиот син и имавме целосе прекин на комуникацијата, така што јас не сум можел да ги имам овие фотографии-тврди Милан.
-Се сметам себеси за исклучително одговорен родител и последна личност која би пласирала фотографии на кои мајката на мојот син е гола и во компромитирачки пози, за кои сум сигурен дека дополнително ќе го посрамотат и вознемират нашиот син, кој наскоро тргува во училиште. Јас не можам, никој не може да го заштити од подбивот на другите деца-додава Милан.
-Оваа ситуација ја сметам за исклучително неодговорно и непромислено мајчинско однесување и тоа веќе втор пат во нејзиниот живот. Не знам дали таа ги пласирала за да ја поврати изгубената популарност, или тоа го направил некој друг, но јас сум загрижен дека ова ќе нанесе голема штета и срам на нашиот син, кога еден ден некој тоа ќе му го покаже- рекол Поповиќ за 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!