Во НЛБ Галерија е отворена изложба на фотографии, направени за време на Европското и Светското првенство во змејарство кои се одвиваа во Крушево од 8 до 21 јули 2018 година, од авторите Билјана Спасковска, Виктор Богданов, Горан Цветкоски, Далибор Лазаревски, Дејан Атанасов, Димитар Михајлов, Драган Лазоски, Илина Атановска, Леонид Ристановски и Марко Цветковиќ.
Фотографиите ја доловуваат атмосферата од ова лето во Крушево, кога градот беше арена во која што се натпреваруваше светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат беше во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои престојуваа во Крушево за време на натпреварите организирани од Воздухопловната Федерација нa Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.