Огнен Аревски продолжува со своите спортски успеси. Ова тринаесетгодишно момче на државното првенство во триатлон – пливање 375 м, возење велосипед 10 км и трчање 2,5 км, кое се одржа на 7 јули во Маврово, во конкуренција на кадети (до 15 години), го освои првото место
Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кој постојано го поддржува во неговите спортски активности, го прими во својот кабинет и му честита на успехот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.