| четврток, 6 декември 2018 |

Франција е освојувач на светската лига во одбојка (видео)

Одбојкарската репрезетација на Франција е освојувач на Светската лига во одбојка, откако во епско финале во Коритиба го победи Бразил со 2-3 во сетови (25-21, 15-25, 23-25, 25-19, 13-15).

Во меч кој долго ќе се памети „триколорите“ во тај-брејк го освоија своето второ издание на Светската лига, а Бразил и по седум години остана без најбогатото одбојкарско натпреварување.

Двете селекции си ја поделија главната ролја во секој од сетовите, а кога најмногу требаше, во петтиот сет, повеќе концентрација имаа Французите. Најдобриот играч на триколорите, Ервин Нгапет, со 29 поени во финалето беше незадржлив и заслужено му припадна признанието МВП на мечот за титула. Веднаш зад него по бројот на поени беа Бразилците Лукарели и Валас со по 22 поени.

Третото место го освои селекцијата на Канада, која го оствари најголемиот усоех во историјата, откако на првиот завршен турнир, стигна до пиедесталот. Во малото финале Канада ја победи репрезентацијата на САД со 3-1 во сетови (18-25, 25-20, 25-22, 25-21).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top