| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот бисер, Охрид, домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон

Во Охрид од 14-ти до 16-ти септември следи еден од најголемите и најтешки видови на атлетско натпреварување, триатлонот. ЕТУ Балканското првенство во триатлон во 2018 година е од исклучително значење за Македонската триатлон федерација која заедно со локалниот организатор Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид се целосно подготвени за претстојниот настан.

-Имаме голем натпревар пред нас во кој учесниците ќе се натпреваруваат во 8 категории. Во првиот ден, сабота, ќе се натпреваруваат во елитните категории (Елит мажи и жени), јуниорските категории (Јуниори мажи и жени), и кадетските категории каде што имаме 12 наши репрезентативци кои ќе го носат македонското триатлон одело. Веруваме дека ќе постигнат голем резултат затоа што во нив е вложувано во текот на годините преку развојните програми финансирани од Агенцијата за млади и спорт. Во вториот ден имаме натпревари во рекреативните категории кои се поделени во 4 возрасни категории (до 30 години, од 30 до 39 години, од 40 до 49 години и 50+ години), а и нашите најнадежни во детската категорија кои се поделени во категории за 7, 8, 9 и 10 години, вели Иван Михајловски, претседател на Македонската триатлон федерација.

ЕТУ Балканското првенство во триатлон е поделено во 3 главни трки и тоа:

Елит (1998 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Јуниори (1999-2002): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Кадети (2003-2005): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.

Во поделбата се влезени и неколку возрасни категории, натпреварувања на деца и штафети.

Воедно, во Охрид од 13-ти до 15-ти септември ќе се одржи и семинар за едукација на меѓународни судии. Во истиот учество ќе земат 28 судии од поширокиот регион меѓу кои и Македонија ќе го збогати своето судиско раководство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top