| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот сопственик на „Горење” ги повлекува акциите од берзата

Новиот сопственик на „Горење”, кинеската корпорација „Хајсенсе”, одлучи да ги повлече акциите на „Горење” од берзата, а одлуката за тоа ја најави за состанокот на акционерите на 17 септември.

„Хајсенсе” поседува 95,42 проценти од акциите на „Горење”, а на малите акционери е подготвен да им понуди 12 евра за акција, што е еднакво на цената по која тој ги купи акциите на главните акционери пред три месеци.

Од денес, „Горење” има проширена управа во која влегоа шест претставници на кинескиот сопственик, а поранешните членови на стариот надзорен одбор дадоа оставки. Генералниот директор на “Горење”, Фрањо Бобинац, останува на оваа позиција до понатамошно известување.

Горење има 11.000 вработени, а покрај фабриката во Словенија има фабрики и во Чешка и Србија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top