Екипата на Вардар пристигна во Словенија, каде ќе се подготвува за почетокот на новата сезона. Таму вардарци ќе одиграат две пријателски средби против екипата на Горење (6 и 10 август), во која од оваа сезона играат поранешните членови на нашиот шампион, Алем Тоскиќ и Матјаш Брумен. Двата ракометари ја искористија приликата и ги посетија поранешните колеги на денешниот тренинг.
Веднаш по Крањска Гора, Вардар патува за Белорусија, каде ќе учествува на подготвителен турнир организиран од страна на екипата на Мешков Брест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.