Македонскиот шампион Вардар го победи словенечкиот Велење Горење со 27-26 (13-15) на првиот тест натпревар на подготовките во Крањска Гора.
Подобрата игра во второто полувреме и лесните голови од контранапад беа одлучувачки околу победникот на првиот од двата тест натпревари меѓу Вардар и Велење Горење. Најважно за Раул Гонзалез е што екипата физички одговори на неговите барања и покажа карактер и во тешките моменти. На овој дуел против некогашната екипа дебитираа Брумен и Тоскиќ.
Вардар ќе одигра уште еден пријателски натпревар со екипата на Велење Горење на 10 август, исто така во Крањска Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.