Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго заздравува во болницата во Мадрид од емболија на белите дробови – запушување на артериите во белите дробови, изјави неговата претставничка за печат, Ненси Селцер. Таа наведува дека 72-годишниот тенор мора да остане во болница уште три-четири недели.
– Добро се чувствува и одлично реагира на терапијата – рече Селцер.
Доминго, кој е генерален директор на Операта во Лос Анџелес, бил принуден да откаже неколку настапи кои биле предвидени за овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.