Дваесет ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ преку пат на интервју беа одбрани да одат на практична настава во Оpera sanyres, дом за стари лица во Мадрид, Шпанија.
Во овој проект учествуваа: Магдалена Стефаноска, Габриела Петкоска, Стефанија Лекоска, Климентина Мургоска, Валентина Наумоска, Марија Наумоска, Адриана Абазоска, Адријана Тупанческа, Симона Филипоска, Јована Јоноска, Драгана Наумоска, Сања Паункоска, Бојана Цветкоска, Мануела Гугоска, Валентин Андон, Ивана Настоска, Атидза Дестаноска, Елена Симјаноска, Мартина Станкоска, Емилија Петровска.
Заедно со четворица професори : Ружа Блажеска, Марија Андреева -Попоска , Д-Р Илинка Милошеска и Зоран Родиќ. Проектот беше реализиран преку Erazmus+ програмата и се одржа од 10-31 јануари оваа година.
-Овој проект беше од голема корист за средношколци како што сме ние, бидејќи ни овозможи да видиме како се извршуваат одредени работи во друга земја, во овај случај конкретно во Шпанија, велат учениците.
-Имавме можност да научиме нови методи на работа кои ќе ни користат понатаму во животот. Научивме дека доволна е само една мала насмевка за да му го направиме на некого денот поубав. Покрај практичната настава имавме и слободно време кое го користевме за прошетка во местото каде што престојувавме Las Rozas, во Мадрид но и надвор од Мадрид, како што беше посетата на Толедо, стариот главен град на Шпанија и неколку музеи. Ова за нас беше едно прекрасно патување на кое стекнавме големо искуство и сме многу благодарни што бевме избрани да учествуваме во овoј проект, потенцираат учесниците на проектот.
извор: охрид 24.мк/ фото: фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.