ДПА ќе биде дел од власта кога ќе победи на избори, вели лидерот на партијата по информациите објавени во дел од медиумите дека од септември влегуваат во Владата. Предвремини парламентарни избори според Тачи се апсурдни, а влошените односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги квалификува како фарса.
„Заедничко танго, за што одамна се договорени ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. наводно не се сакаат, а смао се трудат да добијат политички симпатии ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците, ДУИ кај Албанците. Ова е една фарса, но брзо ќе заврши. Ние не сакаме да бидеме дек од тие игри“, вели Тачи.
Тачи смета дека е лага и последната изјава на лидерот на ДУИ, дека апредлогот на медијаторот Нимиц е „Горна Македонија“.
„Мислам дека ништо не е вистинито што доаѓа од Ахмети. Ништо не зависи од него. Тој само се труди цело време фигуративно. Седи на еден брод, бродот тоне, а тој цело време вика дека доаѓа помош.Помош нема. Името е екслузивно и зависи од македоснките партии“, изјави Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.