Германскиот велосипедист Тони Мартин кој вози за тимот на Квик Степ беше победник на 11 етапа на најпрестижната велосипедтска трка Тур де Франс. На денешната етапа за прв пат оваа година се возеше индивидуален хронометар во должина од 33 километри од Авранш до Мон Сен Мишел во Нормандија. Мартин етапата ја заврши за 36 минути и 29 секунди.
На второто место се пласираше лидерот во генералниот пласман и носител на жолтата мајца британецот Кристофер Фрум кој вози за тимот на Скај со заостаток од 12 секунди. На третото место се пласираше Том де Гент од тимот на ДЦМ со заостаток од 61 секунда.
Фрум и покрај тоа што не беше победник на денешната етапа ја зголеми предноста во однос на конкурентите.
Денешната етапа ја одбележа инцидентот кога еден неодговорен навивач покрај патеката го истури со урина еден од конкурентите за победа на годинешниот тур Марк Кевендиш.
12 етапа се вози утре и е во должина од 212 километри и се вози од Фужер до Тур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


