Прекин во сообраќајот, откажани летови, неколку лица повредени во страшното невреме што ја погоди Германија.
По топлотниот бран, температурата нагло падна за десетина степени, што доведе до силно невреме во речиси цела западна Европа. Освен во Франција , невремето направи пустош и во Германија.
Сообраќајот со часови беше парализиран, поради паднати дрвја на патиштата, а во невремето се повредени неколку лица. Во прекин беше и железничкиот сообраќај и тоа правите Хамбург – Берлин и Хамбург – Келн.
Синоќа поради невремето на половина час беше затворен и најголемиот аеродром , оној во Франкфурт а биле откажани 150 летови. Три лица се повредени во гратче покрај Франкфурт кога силен ветар ги откорнал ролетните во кафулето каде што седеле.
Spectacular storm structure and impressive lightning rate over Dahmen, north Germany tonight, August 9. Report: Torsten Kelle pic.twitter.com/im29TogkwG
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) August 9, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.