Наместо по 40 денари, трговците нудат по 55 денари за килограм ориз, што е за 40 отсто повеќе од нормалната цена. Ова ги изненади кочанските производителите – па се бара ориз под дрво и под камен, но ориз за продажба нема, информира штипската телевизија Ирис.
Покачувањето на откупната цена на оризот се должи на неговиот недостиг на пазарот, велат познавачите. Сепак, земјоделците не веруваат дека овие високи откупни цени ќе преживеат до крајот на жетвата.
Земјоделците во Кочанско прогнозираат слаба реколта. Причината за ова, како што велат, е задоцнетата седиба и семе.
Оризот годинава на Истокот е застапен на 4.000 хектари и се очекува род од околу 28.000 тони оризова арпа и околу 13.000 тони бел ориз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



