| четврток, 6 декември 2018 |

Никому досега не му успеало – Кинезите се спасени

Кинеските научници тврдат дека постигнале клучен напредок во земјоделието, а се работи за вид ориз кој успева во солена вода. Многупати досега е тестиран, но дури сега овој ориз донел дури трипати поголеми приноси по хектар и научниците од Центаорот за истражување и развој тврдат дека е подготвен за комерцијална употреба. Тоa може да го зголеми производството на кинески ориз за речиси 20%, со што ќе можат да се нахранат повеќе од 200 милиони луѓе, тврди раководителит на проектот, главниот истражувач Ијан Лонгпинг, познат како татко на кинескиот хибриден ориз.

Новиот тип хибриден ориз никнал првпат во Кингсао, приморски град во источна Кина. Истражувачите пумпале и разблажувале морска вода, а потоа правеле канали во оризовите полиња.

Новиот тип е осум пати поскап од традиционалниот ориз, но сепак сиот овогодишен род е распродаден.

Фирмата која го продава очекува до крајот на годината да заработи 1,5 милиони долари.

Сепак, типот не може официјално да се нарече морски ориз, зашто расте на подрачје каде што несолена вода се меша со морска вода.

-Солинитетот во таквите области обично е нешто повеќе од 1%, велат научниците и додаваат дека ќе им треба уште време за да јазвијат вид кој ќе опстане чисто во солена вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top