| четврток, 6 декември 2018 |

Ако уште вака го готвите оризот, може да се отруете

Научници од Кралскиот универзитет во Белфаст (Queen’s University Belfast) направиле студија која покажала дека вообичаениот начин на варење на оризот можат да ги изложат оние што го јадат на траги од отровен арсен, кој го контаминира оризот додека расте како резултат на индустриските токсини и пестициди.

Иако од 2014 година има закони за заштита на јавноста од високи нивоа на отров во оризот, професорот Енди Мехарг смета дека треба да се направи повеќе за да се заштитат од токсични супстанции оние кои јадат големи количини на ориз.

За жал, еден од најпопуларните стилови на подготовка на ориз – варење на оризот во зовриена вода, додека таа целосно не се апсорбира – предизвикува во оризот да се задржи речиси целиот арсен.

Наместо тоа, Мехарг препорачува поинаков начин на приготвување на оризот:

Потопете го оризот преку ноќ – ова му овозможува на арсенот да излезе од зрната.

Исцедете го оризот и исплакнете го темелно со свежа вода

За секој дел ориз додадете пет делови вода и варете го, но не дозволувајте да биде сув.

Кога ќе омекне, исцедете го и повторно и исплакнете го со топла вода за да се ослободите од последната вода за готвење.

Можеби е потребно малку повеќе време, но кога ќе се земе предвид арсенот, изгледа дека вреди да се вложи дополнителен напор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top