Во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид синоќа ечеа „Македонско девојче“, „Битола, мој роден крај“, Јовано, Јованке“, а во чест на Тоше Проески, хрватската ѕвезда ја отпеа „Игри без граници“.
-Вие имате најубави песни и најубав ритам! И чувајте го тоа!, рече Северина пред блокот македонски песни ги отпеа пред публиката во Охрид.
Северина вчера пристигна во Охрид со приватен авион и како што доликува на една естрадна ѕвезда веднаш на инстаграм и на другите социјални мрежи се пофали дека едвај чека да прошета низ Охрид иако досега посетила многубројни светски метрополи. Претходно таа во своите јавувања инсистираше македонската публика пречу гласање да ја одбере песната која ќе го отвори вечерашниот концерт, со кој го претстави својот нов албум од која е актуелна со хитовите „Хазардер“ и „Мртав за мене“. Таа и денеска ке остане на мини одмор во Охрид.
Публиката во „Билјанини извори“ ги пееше заедно со неа хитовите од новиот албум, но и „Тридесете“ или некоја од постарите, како „Пријатељице“ или „Девојка са села“.
Ово концерт не наликуваше на претходниот поголем концерт на Северина во Македонија, кој беше во Скопје, во 2013 година, кога беше дел од промотивната регионална турнеа на албумот „Добродошао у клуб“. Концертните настапи на таа турнеа беа богато мултимедијално шоу , а ги режираше покојниот словенечки режисер со светски успеси, Томаж Пандур. Но, кога Северина прави концерт, тоа е вистински спектакл. А тоа се потврди и синоќа каде нејзиниот настап изобилуваше со многу пеење, танцување…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!