Пред неколку дена менаџерот Мојс изјави дека Руни не е на продажба и дека останува на „Олд трафорд“ и покрај желбата на англискиот репрезентативец да го напушти клубот.
Покрај Челси, во летниов преоден рок интерес за Руни покажуваа и Баерн Минхен, Арсенал, Барселона, ПСЖ…
Медиумите во Англија информираат дека последната понуда од Челси и Мурињо ги ставила на мислење челниците на Манчестер со оглед на фактот дека според договорот Руни има само уште една сезона обврски кон клубот, а потоа ќе биде слободен играч и ќе може да си замине без оштета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.