Менаџерот на Челзи, Антонио Конте ја презема одговорноста за убедливиот вчерашен пораз од 3-0 кој неговата екипа го претрпе од Рома во четвртата рунда од Лигата на шампионите.
– Јас сум тренер на тимот и моја е одговорноста за поразот. Фокусиран сум на Челси и не ме интересира резултатот од другиот натпревар и тоа дека Атлетико Мадрид изгуби два бода со Карабах. Ќе анализирам каде треба да се подобриме, за да не ни се повтори тоа што се случи во првото полувреме. Имавме шанса први да поведеме, примивме гол. Потоа не искористивме шанса да изедначиме, примивме втор гол. Потоа Рома одигра сигурно и заслужено дојде до победата, рече Конте.
Во Ц групата Рома е лидер со осум бода, еден повеќе од Челси. Се уште со шанса за место во осминафиналето од ЛШ е и Атлетико Мадрид кој има три, а Карабах е со два освоени бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.