| четврток, 6 декември 2018 |

Костов: Законот е јасен и прецизен и не дозволува двосмислено референдумско прашање

И за консултативен и за задолжителен референдум потребно е мнозинство од над 900 илјади гласачи и половина од тие треба да гласаат потврдно, објаснува аналитичарот Сотир Костов, додавајќи дека и во двата случаи мора да има цензус.

-Моето мислење е дека мора да има државен референдум, задолжителен, со најголем цензус. Потребно е половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на референдум, а од тие половина плус еден да гласале позитивно за тој да биде успешен – вели Костов.

Костов објаснува и дали законот дозволува двосмислено референдумско прашање.

-Законот е јасен и прецизен и не дозволува двосмислено референдумско прашање. Во законот бара прашањето да биде јасно и недвосмилено односно еднозначно. Да биде недвосмислено и да се однесува на една проблематика и тема – вели Костов во изјава за „Курир“.

Тој вели дека граѓаните на референдумот ќе кажат „НЕ“, што ќе биде потврда на нивниот одзив на прославите кои пред две недели ги организираше владата. Власта, вели Костов, доби одговор од граѓаните дека не поддржуваат прослави на кои се слави смртта на македонскиот идентитет, култура и историја.

Личниот став на Костов е дека не треба воопшто да се спроведува референдум со кој се доведува во прашањето промената на името на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top