| четврток, 6 декември 2018 |

УСАИД ќе помага невладини организации за референдумот

Американската агенција за меѓународен развој (USAID) ги повикува македонските
невладини организации да аплицираат за финансиска поддршка во рамки на програмата
за грантови за брз одговор (РРГ).

Во соработка со своите партнери, организациите Метаморфозис, Отворено општество, Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) и Националниот младински совет, Усаид ги повикува локалните организации да аплицираат за две цели:
1. засилување на конструктивен ангажман на организациите за прашања во врска со политики и прашања од јавен интерес
2. Зголемен и одржлив младински ангажман во јавниот живот во Македонија. Во рамки на оваа рунда на РРГ, УСАИД ќе финансира иницијативи што се насочени на активности поврзани со референдумот за името.
Според планот невладините ќе треба да работат претежно со лица со пречки, млади, жени, граѓани од провинција и тие што прв пат гласаат со цел да бидат едуцирани и информирани за сите аспекти на гласањето.

Ќе бидат доделени 4 грантови што ќе траат најмалку 3 а најмногу 6 месеци а висината е 7,500 долари.
Може да се аплицира до 31 јули.
Документ од Твитер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top