Шпанскиот ракометен вицешампион Атлетико Мадрид се соочува со голема финансиска криза и е пред згаснување, што му отвора идеална шанса на Металург да се надева на директно учество во Лигата на шампионите. Атлетико би требало да игра во фазата по групи во еминентното клупско натпреварување, но ако згасне клубот, ќе има замена.
Металург има најдобар коефициент од сите екипи што ќе конкурираат за испразнетото место, а најголеми конкуренти му се актуелниот европски првак Хамбург и уште еден германски тим Фуксе Берлин. Тие две екипи според планот на ЕХФ треба да играат квалификациски меч меѓусебе и победникот да се пласира во ЛШ.
На сосоема поинаков начин и Металург има шанса да се пробие меѓу ракометната елита на стариот континент. Нашиот вицешампион и четврт-финалист во ЛШ од последното издание доби вајлд-карта за учество на турнир со 4 екипи, а само најдобриот ќе игра со европскиот крем. Во конкуренција се и Монпелие, Висла Плок и Пик Сегед, екипа што ќе му биде прв противник на Металург. Со нашиот тим, кој конкурира за да биде домаќин на турнирот, во игра за добивање на оргханизацијата се и Монпелие и Пик Сегед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.