| четврток, 6 декември 2018 |

Тениската ѕвезда Мартина Хингис се омажи вторпат

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарката Мартина Хингис се омажи за спортскиот лекар Хари Лиман. Церемонијата со 140 гости, се одржа во популарното швајцарско туристичко место „Бад Рагаз“.

Славната спортистка не ја криеше својата среќа и радост, девет месеци откако го објави своето повлекување од тенисот. Таа е добитничка на 25 грен слем титули.

„Ви благодариме на честитките и искрените пораки. И ние ви посакуваме се најдобро“, објавија штотуку венчаните под фотографијата на Инстаграм.

Хингис еднаш беше во брак, а поранешниот сопруг Тибалт Хутин ја обвини неа, нејзината мајка Мелани Молитор и очувот Силвио, дека го малтретирале и тепале.

Тенисерката никогаш не одговори во врска со тој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top