Во општата дебата за начинот на кој претседателот на РФМ Михајло Михајловски и генералниот секретар Марјан Начевски ќе прифатат одговорност за лошите резултати на тековното СП во Шпанија, кои во голем дел се должат и на организациските пропусти, лидерите на нашиот ракомет повлекоа неочекуван потег. Според информации од Автокоманда каде Лино Червар е тренер, Михајловски во телефонски разговор му понудил на хрватскиот стратег да ја преземе нашата најдобра репрезенатција.
-Нема тука ништо чудно. Му понудивме и очекуваме брзо да го соопшти својот став-ни рече кусо Михајловски во разговорот за Република.
Маневарот е неочекуван со оглед на долгогодишното ривалство на повеќе релации: Металург-Вардар Про, Минчо Јорданов-Михајло Михајловски, па и Лино Червар-Веселин Вујовиќ, но сега се е во игра, па и здружување на нешто што се чинеше неостварливо до пред некое време.
Македонските ракометари во март ги очекуваат два меча со Шпанија во квалификациите за ЕП во Данска, во кои веќе доживеавме еден тежок пораз кај Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.