| четврток, 6 декември 2018 |

Заев најави нова лидерска средба за утре

Премиерот Зоран Заев за утре закажа нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот. Ова е епилогот од повеќе часовната средба на лидерите на политичките партии која претходно по час и половина ја напушти лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Заев не прецизираше во каков формат ќе биде средбата утре.

Премиерот најави дека референдумот ќе биде консултативен. Исто така посочи дека сите партии кои учествувале и останале до крај на средбата ги потврдиле заложбите за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.

На лидерската средба до крај останаа да присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со Радмила Шекеринска, Али Ахмети и Бујар Османи од ДУИ, Зијадин Села и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи и Имер Алиу од ДПА, Африм Гаши од едното и Билал Касами и Фадил Зендели од другото крило на Беса, Горан Милевски и Дуфе Кукоски од ЛДП, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, како и Тито Петковски и Горан Мисовски од НСДП.

На средбата требаше да се надминат разликите меѓу владејачките партии и опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top