Елизабета Савиќ Динева, родилката од Гевгелија која почина, била донесена во Клинички Центар Скопје пет дена по породувањето. Затоа е потребно е да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира дека смртта на родилката е поврзана со породувањето, велат од Министерството за здравство.
Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева (31) починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија, а блиски пријатели на пациентката обвинуваат за грешка на здравствениот систем.
– Пациентката кај нас беше донесена во крајно критична состојба, без дишење. Еден час лекарите на КАРИЛ се бореа за нејизниот живот и дадоа се од себе – изјави за „Република“ д-р Маја Мојсова, раководилтел на КАРИЛ.
„Елизабета Савиќ Динева била донесена од Гевгелија пет ден по породување поради епилептични напади од непознато потекло. Таа прво била хоспитализирана на Клиникa за неврологија, каде останала 24 часa. Првично била во добра општа состојба, се хранела нормално, разговарала по што западнала во кома и еден час била ренимирана во Ургентен центар. Веднаш било побарано конзилијарно мислење од КАРИЛ, од каде информираат дека е постапено согласно сите протоколи, направени се сите иследувања, направено е КТ. По две недели во кома починала и телото е предадено на обдукција – се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Кој и зошто ја сокри смртта на родилката Елизабета од Гевгелија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Медицинска компликација причина за смртта на родилката од Свети Николе
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Гинекологија Чаир: Родилката почина како резултат на комплицирана бременост