Родилката која вчера го загуби животот во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир починала поради комплицирана бременост, велат од болницата.
„Во тек на завчерашниот ден родилката е примена во Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Скопје како високо ризична бременост во преекламптична состојба, во 38. гестациска недела од бременоста, со плод во карлична презентација, повеќе големи туморозни формаци на матката и две предходни породувања со царски рез.
По приемот се преземени сите соодветни мерки за стабилизација на пациентката и следење на состојбата на плодот. Поради влошување на здравствената состојба на плодот и мајката се пристапи кон итно породување со трет царски рез, при што е родено живо новороденче. Непосредно по завршување на операцијата дојде до акутно влошување на општата здравствена состојба на родилката и дистабилизирање на виталните параметри. По иницијална интензивна ресусцитација, пациентката во исклучително тешка состојба со возило на брза помош е префрлена на Универзитетска Клиника по хируршки болести “Св.Наум Охридски” – Скопје каде што во претпладневните часови и покрај целосниот ангажман и дадена терапија по протокол истата екзитирала“ се вели во соопштението од Болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.