| четврток, 6 декември 2018 |

Лука Модриќ по мајка е Србин, а усташите му убиле пола семејство во Јасеновац – Хрватите ја кријат страшната вистина

Официјално најдобриот фудбалер на неодамна завршеното Светско првенство во Русија, репрезенетативецот на Хрватска Лука Модриќ, има српско потекло, а усташите за време на Втората светска војна во Јасеновац му убиле половина семејство од мајчина страна.

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска многумина разочара кога на свечениот дочек на фудбалската репрезентација на плоштадот бан Јелачиќ нарачувал песни од проусташкиот пејач Марко Перковиќ Томпсон.

Модриќ славел и пееел со човек кој е потврден србомрзец, пишуваат српските медиуми.

Модриќ е со целосно српско потекло од мајчина страна. Мајката Радојка е од семејството Допуќ од Краина(село Крушево кај Обровац).

На списокот на жртви од логорот Јасеновец се наоѓаат имињата на најмалку три членови на нејзиното семејство, Аница, Симица и Божо Допуќ.

На социјалните мрежи се појави твит за Модриќ, кој крена многу бура во Хрватска.

-Мајката на Модриќ е Радојка од Обровец. Тие се единствено српско семејство во тој крај. За време на Втората светска војна тешко страдаа. Неколку од нив се убиени во логор. Овде во Хрватска за тоа не се зборува. Тоа е забранета тема. Сите зборуваат за тоа како Србите го убиле дедо му и ја запалиле куќата на татко му. Тоа е вистина. Но исто така е вистина дека хрватските манијаци за време на Олуја 1995 година ја запалија куќата на мајка му- пишува на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top