Италијанскиот новинар Танкреди Палмери вечерва на својот „Твитер“ профил го објави пласманот по освоени поени за „Златната топка“, уште пред официјално да бидат прогласени победниците. Она што претходно беше само протечена информација, веќе е потврдено – годинешен победник е хрватската ѕвезда Лука Модриќ, кој ја освои највредната индивидуална фудбалска награда со 753 поени.
Our youngster @RodrygoGoes made the top five of #kopatrophy or the #BallonDor for youngsters, Real Madrid players winning everywhere #HalaMadrid #HalaMadridyNadaMas #rodrygogoes pic.twitter.com/F9De2ogXYV
— madridista (@nemat_tarin) December 3, 2018
Кристијано Роналдо, петкратниот добитник на наградата е втор со 476, а третото место е за светскиот првак Антоан Гризман, кој освои 414 поени. Во топ 10 се Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар, Кевин де Бруин и Хари Кејн. Со ова се става крај на доминацијата на Роналдо и Меси, кои беа на врвот во последните десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момчето со волците на Велебит: Сензационални снимки од Лука Модриќ додека чувал кози, волците го следеле до дома (видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“
-
Има милиони, а фура телефон од 100 евра: Лука Модриќ шокираше да доделувањето на ФИФА наградите!
-
Модриќ може да замине во Интер: Перез ја соопшти цената