Најдобриот фудбалер на светот по избор на ФИФА, Лука Модриќ сите ги запрепасти кога на доделувањето на наградата извади телефон од џебот.
Иако сите фудбалери кои се во Реал, заработуваат милиони, се очекува тие да имаат и најскапи модели на телефони, но Модриќ е далеку поскромен.
Имено тој поседува уред кој себеси можат да си го дозволат и оние кои не се богати како него, бидејќи на моделите од 2013 година досега цената толку им е падната, што можат да се најдат и за 100 евра.
Поради сето тоа, тој се најде на удар на критика на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.