| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ може да замине во Интер: Перез ја соопшти цената

Изминатите денови наголемо се пишува дека најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија може летово да ја промени клупската средина.

Екипата на Интер е сериозно загреана да го види во сопствените редови Лука Модриќ, а стигна и одговорот од Реал Мадрид. Првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез ќе се согласи да го продаде Хрватот, но само под еден услов.

– Единствен начин Лука Модриќ да си замине од Реал е некој да плати 750 милиони евра – кратко изјави Перез.

Секако ова е нереална цена која нема шанси никој да ја плати, што алудира на тоа дека тимот од „Сантијаго Бернабеу“ нема намера да се раздели од играчот за врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top