| четврток, 6 декември 2018 |

Владата предлага ДИК да се бира без опозиција

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се бира со апсолутно наместо со двотретинско мнозинство. Владата бара измените да се гласаат по скратена постапка.

Пред еден месец беше објавен оглас за нови членови на ДИК. Поранешните членови на Комисијата дадоа оставки по скандалот околу огромните исплати на паушали. По ова, партиите се договорија новиот состав на ДИК да биде избран според старото законско решение, односно претседателот и двајца членови на ДИК ќе бидат на предлог на опозицијата, а потпретседателот и тројца членови ќе бидат на предлог на владејачкото мнозинство. Мандатот на овие членови ќе биде до шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top