| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден пешак и санкционирани голем број на возачи

Еден пешак се здобил со тешки, a седум со лесни телесни повреди во шест од 11 сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција во изминатите 24 часа санкционирала 63 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 13 возачи,

Според полицискиот извештај, од сообраќај бил исклучен еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, 11 кои управувале возило пред да се стекнат со правото на возачка дозвола, еден почетник и 13 нерегистрирани возила.

Непрописно биле паркирани 61 возила, а пајак службата подигнала 59 моторни возила.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачкиот премин, како и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување и единаесет за некористење заштитен шлем.

Одделението за превенција во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Весели Цветови“ објект „Кокиче“ во општина Кисела Вода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top