| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан направил сообраќајка, ги опцул полицајците и им побегнал

37-годишен скопјанец во алкохолизирана состојба вчера вечер вербално ги нападнал полициските службеници кои сакале да го легитимираат, затоа што учествувал во сообраќајна незгода на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

-И.В. почнал да им се заканува на полицајците и да им упатува упатува погрдни зборови и пцовки- информираат од МВР.

Потоа се вдал во бегство, но полициските службеници тргнале по него. Го фатиле и го привеле под, како што велат од МВР, видно дејство на алкохол.

-На местото на настанот сочинет е записник за констатирани прекршоци по чл.13 и чл.6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир- додаваат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top