| четврток, 6 декември 2018 |

Стравична несреќа: Автобус остана без кочници и газеше се пред себе (Видео)

Најновото видео снимено од камерата во еден од автомобилите, ја пренесува страшната сообраќајна несреќа во Сеул, најголемиот град во Јужна Кореа.

Во несреќата загинаа две лица, а 16 се полесно или потешко повредени. Се се случило откако автобус со полна брзина влетал во колона на автопат. Автомобили летале на сите страни, а едно возило остана под тркалата на автобусот.

Има различни причини за оваа тешка несреќа. Според некои медиуми, на автобусот му откажале кочниците. Но, имајќи ја предвид зачестеноста на несреќите, постои можност возачот да не ја забележал на време колоната на застанати возила пред себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top