| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница за уметничка фотографија во Крива Паланка

Викендов  во Л.У Градски музеј – Крива Паланка се одржа работилница за уметничка фотографија „Крива Паланка 2013“, во организација на Фото-киноклубот „Види“ од Крива Паланка, во соработка со Фото-киноклубот „Козјак“ од Куманово.

_DSC1253

Работилницата ја водеа веќе докажани фотографи кои зад себе имаат бројни награди, дипломи и признанија: Владимир Јовановски – вовед во фотографија, Photoshop cc и Camera RAW8, Дејан Ангеловски – историја и техника, Глигор Максимовски – објективи, Ана Андоновска – композиција, Анита Станишковска – мајстори на фотографија.

_DSC1458

Наставата на работилницата беше  комбинирана, теорија и практика (работа со професионална опрема), а се одржа во рамките на културната манифестација „Крива Паланка – град на културата“.

_DSC0841

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top