| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот на ВМРО ќе се преименува и ќе добие нова поставка

Работната група за преиспитување на оправданоста на постоењето на „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ денеска информираше дека Музејот ќе добие ново име и нова поставка. Според нив во музејот доминираат восочни фигури и слики, а не оригинални документи и предмети, што создава впечаток дека посетителите се во театар, а не во музеј.

Претседателот на работната група Александар Литовски вели дека проблем е и тоа што во музејот преовладуваат поставки за Внатрешната македонска револуционерна организација, односно до 13 оддели дури 8 се чисто направени за историјата на македонската револуционерка организација, внатрешна македонска револуционерна организација 1893 до 1991 година а во кој другите 5 пак на индиректен начин се зборува за дејците на ВМРО низ историјата.

-Во извештајот не предлага да се затвори сегашниот Музеј на ВМРО туку преименување, со скратување на сегашното име во Музеј на македонската борба за државност и самостојност. Предлагаме Министерството за култура да формира стручна екипа кои ќе направи нова историска поставка во која според наше мислење треба доминантно место да заземаат оригинални документи и оригинални предмети а помалку да бидат застапени восочните фигури и таканаречените уметнички слики. Колку восочни фигури и слики ќе се отстранат ќе одлучи Комисијата која би ја сочинувале компетентни музејски работници и стручни лица. Генерално проблемот е што доминантно место имаат восочните фигури и платната, целата музејска поставка е правена театарски каде не добивате впечаток дека сте во музеј туку во театар“, рече претседателот на работната група Александар Литовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top