| четврток, 6 декември 2018 |

Работна група на Министерството за култура влезе во „Музејот на ВМРО“, започна преиспитувањето на оправданоста

Министерството за култура ја известува јавноста дека работната група формирана за  преиспитување на  општествената и стручната оправданост на постоењето на  НУ ”Музеј на  македонската борба за државност и самостојност“ – “Музеј на ВМРО” и “Музеј на жртвите од комунистичкиот режим” и формално започна со својата работа, го одржа својот прв работен состанок и го изврши првиот директен увид во објектот.., соопштуваат од Министерството за култура.

При својата прва посета на Музејот вчера, работната група оствари средба со раководството, изврши првичен увид во музејската поставка и прибави дел од неопходната документација потребна за подготовка на детална анализа за овој музеј. Работната група во состав д-р Александар Литовски (претседател), д-р Донка Барџиева Трајковска, д-р Елеонора Петрова, Златко Теодосиевски, м-р Гордан Николов и м-р Жарко Трајановски (членови) ќе има задача да изврши увид во целокупната документација поврзана со одлуката за основање и изградба Музејот, да изврши увид  во целокупната документација поврзана со  начинот на прибирање и откуп на музејскиот материјал, да направи проценка на музејската збирка, да изврши евалуација на начинот на  експонирање на музејската збирка и пропратниот илустративен материјал, како и евалуација на начинот и условите на чување на музејскиот материјал.

По разгледување на целосната документација и состојба, Работната група ќе изработи Елаборат за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на  НУ ” Музеј на  македонската борба за државност и самостојност“-“ Музеј на ВМРО” и “Музеј на жртвите од комунистичкиот режим”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top