Промоцијата на публикацијата „Музеите во Македонија“ ќе се одржи денеска, 18 декември, во 12 часот, во Музејот на македонската борба.
Публикацијата „Музеите во Македонија“, дело на авторите Захаринка Алексоска-Бачева, м-р Бранислава Михајлова и д-р Крсте Богоески, во издание на Македонскиотнационален комитет на Меѓународниот совет на музеите, е единствена и првапубликација од тој тип кај нас.
Реализацијата на публикацијата е овозможена со целоснафинансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Промотор на публикацијата „Музеите во Македонија“ ќе биде доц. д-р Даворин Трпески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.