Додека Новаќ Ѓоковиќ и Енди Мареј се потеа на терен, нивните девојки ја потеа публиката на трибини. Тенисерите кои влегоа во финале на Вимблдон мака мачеа обидувајќи се да бидат шампиони, а нивните девојки Јелена Ристиќ и Ким Сирис на трибините водеа модни битки.
Светските медиуми пишуваат дека за време на турнирот Ким Сирис била облечена во парчиња од Тед Бејкер, Зара и Сисли, додека Јелена се појавила облечена во фустан од АСОС.
Англискиот весник „Сан“ веднаш по финалето објави дека Јелена однела убедлива победа над Ким во гласањето на нивната веб-страница. Јелена доби 63 проценти од гласовите, а Ким 37 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.