| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона за СП 2018: Во полуфиналето на Мундијалот се „тимови од мигранти“

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона во свој стил продолжи да го анализира Мундијалот 2018.

Дон Диего ги нарече полуфиналистите на Светското првенство „тимови од мигранти“.

– Има мафија, која киднапира фудбалери од Африка и ги натурализира во Европа. Составите на полуфиналистите на Светското се полни најмногу со мигранти. Се сеќавам на еден разговор со Жозе Мурињо, кој ми кажа дека мигрантите пристигнуваат во друг свет, каде имаат шанса да добијат нешта и можности, кои ги немале до тој момент. Тие го сфаќаат тоа и го даваат најдоброто од себе. Затоа европските тимови се полни со такви играчи, вели Марадона.

Статистиката вели дека 18 од 23 француски репрезентативци се со странско потекло. Кај Белгија и Англија тие се 50 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top