| четврток, 6 декември 2018 |

Maрадона бесен: Има само еден виновник за вчерашниот срам!

Легенданта на аргентинскиот и светскиот фудбал Диего Армандо Марадона смета дека има само еден виновник за вчерашниот инцидент кој го предизвикаа навивачите на Ривер Плата пред реванш средбата во финалето од Копа Либертадорес во кое беа нападнати играчите на Бока Јуниорс.

За Марадона, инаку жесток поддржувач на Бока Јуниорс, тоа што се случи е голем срам за земјата, а според него виновен е претседателот на Аргентина.

  • Мојата држава е несреќна, немаме почит за ништо и во се претеруваме. Во Аргентина денес е терор да се излезе на терен – рече Марадона.

Тој додаде дека во Аргентина не постои ни безбедност ни заштита.

  • Претседателот го измами сопствениот народ велејќи дека ќе ја подобри ситуацијата, но сега таа е полоша отколку што беше. Тоа што Масри го прави е најлошото нешто. Има кражби насекаде, но за тоа гласаа луѓето. Јас сум голем Аргентинец, мразам насилство, но го заслуживме ова – коментираше Дон Армандо.

Натпреварот кој ќе привлече многу гледачи и зад малите екрани беше одложен и ќе се одигра вечерва иако од Бока бараа истиот да биде одложен за подолг период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top