| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролот на Владата до режисерот Митревски: Дрво без корен ќе си…

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на невообичаено остар  начин му се обраќа на режисерот Дарко Митревски, откако тој завчера во емисијата „60 минути” на телевизија Алфа во видео порака насловена „Македонија секогаш моја, никогаш Северна” порача дека е против промената на името.

Дарко Митревски: Засекогаш моја. Никогаш Северна! (видео)

“..Еве да ти кажам директно….Кога ќе умреш син ти ќе те спомне ќе се сеќава на тебе затоа што знае по некој збор македонски и се лизгал на скопските игралишта колку толку, али внуците ќе ти зборат на друг јазик и не дека нема да се сеќаваат али ама баш ништо нема да им значи јазикот на кој си творел…дрво без корен ќе си…коренот е овде ДОМА”, напиша Бошњаковски во пораката во која иако не се споменува режисерот јасно е дека му се обраќа нему.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top