| четврток, 6 декември 2018 |

Дурловски до Митревски: Џабе везеш Фидане, доцна е за перење раце… бљак!

Оперскиот пејач Игор Дурловски преку пост на својот ФБ профил реагира на пораката на режисерот Дарко Митревски кој преку колумна порача дека не се согласува со договорот за промена на името.

Дурловски кој беше притворен и обвинет за тероризам го потсетува Митревски како во колумна нападнал негов соборец од “За заедничка Македонија”, и му порачува да не се обидува да си пере рацете по нападите на актерот Владо Јовановски.

“За тие со кратка меморија кои добиваат париотска ерекција на вчерашното писание на “терцашот” да ве потсетам што пишуваше пред година дена.
Џабе везеш Фидане, доцна е за перење раце а и фалшираш…
Бљак!!!”, пишува Дурловски кој беше еден од лидерите на заедничка Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top