| четврток, 6 декември 2018 |

Бошњаковски: Ставот на Владата за името останува ист

Ставот на Владата во однос на последниот предлог за името е непроменет, а останува да причекаме за очекувања од утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. Ќе имаме официјална информација што ќе ја споделиме со јавноста, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција одговарајќи на прашање какви се очекувањата од утрешната средба во Њујорк.

– Ставот на Владата што го пренесоа премиерот Заев и министрите Шекеринска и Димитров останува ист. Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа ги одразува и сите останати делови кои ја обележуваат Македонија како мултиетничка држава. Сметаме дека тоа е добар предлог за конечно решение – рече Бошњаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top