Интерпретацијата од грчката Влада на делови од Договорот не соодветствува со оригиналните делови , велат од македонската Влада.
– Договорот не предвидува транскрипција на новото име на латинично писмо, како што напишаа грчките медиуми, повикувајќи се на толкување од нивната Влада, туку новото име ќе биде преведено на сите јазци. За македонскиот јазик нема да има фуснота во ОН – вели портпаролот Миле Бошњаковски.
Тој вели дека во Договорот има член во кој пишува дека македонскиот јазик припаѓа на словенските јазици, но нема да има фуснота во Обединетите Нации.
– Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, ниту биле дел од преговорите. Личните документи и пасошите ќе се менуваат, но кога ќе истече важноста на патната исправа.Договорот предвидува користење на придавката „македонски“, а називите на државните институции ќе треба да го следат новото име на државата – нагласи Бошњакоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)