| четврток, 6 декември 2018 |

Никогаш не е доцна – Грабул на 31 година го освои првиот тениски трофеј

Никогаш не е доцна за успех на спортските терени, а вистински  доказ е тенисерот Димитар Грабул. Македонскиот репрезентативец, на 31-годишна возраст го освои првиот трофеј во кариерата, а славеше на турнир од фјучрс серијата во Де Хан, Белгија.

Грабул направи голем подвиг и од квалификациите најпрво се проби на главниот турнир, а потоа и го крена пехарот. Во финалето со 7-5, 2-6, 6-4, нашиот претставник беше подобар од домашниот тенисер Јорис де Лоре.

Грабул од пред неколку години живее во Белгија и работи со познатиот поранешен репрезентативец на оваа земја, Кристоф Флиген. Добрите услови за тренинг и одличниот тренер, кој во минатото беше 30.  тенисер на планетата, го вратија Грабул на терените , а тој ниже солидни резултати.

На денешната најнова ранг-листа на АТП, тој ќе биде најдоброрангиран македонски тенисер со 27 поени и ќе биде пласиран некаде околу 700. позиција на светот, со скок од цели 1.300 места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top